Два африкански лавови, кои минатата година се спасени од воените зони во Ирак и Сирија, безбедно се преселени во своето ново живеалиште во Јужна Африка.

Конечно среќата им се насмевна на лавовите Саид и Симба, откако во Јордан се излекуваа од физичките и психичките трауми, со авион беа преместени во Јоханесбург.

Организацијата за заштита на правата на животните „Four Paws International“ ги спаси Саид и Симба во 2017 година од зоолошките градини во сирискиот град Алепо и ирачкиот град Мосул.

Лавовите во Јордан пристигнале дехидрирани, но таму им е укажана потребна медицинска нега за тие да заздрават.

 

 

 

Save

Следете нè