Вљубеничка во вежбањето, сертифициран фитнес тренер и иден учесник на Купот на Македонија организиран од ББФФМ.

 

Кристина Неделковска е девојката поради која ќе посакате теретаната да стане ваш втор дом. Благодарение на неа многу момци и девојки своите тела ги довеле до совршенство.

Оваа убавица моментално работи како личен тренер во клубот Атлета  и активно и посветено се подготвува за својот најнов предизвик.

На 21-ви април таа ќе се натпреварува во категоријата Бикини велнес, во рамките на „Куп на Македонија“, кој го организира Бодибилдинг и Фитнес федерацијата на Македонија.

Ние и посакуваме многу успех, а вие уживајте во нејзините инспиративни фотографии, совети и видеа како и армијата следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

 

 

Save

Следете нè