Американката Грета Понтарели сакајќи да смени нешто во животот во својата 59-та година, почнала да се занимава со танц на шипка.

Неколку години подоцна,Грета станала вистински виртуоз во оваа уметност во спортовите.

Грета, која е од Калифорнија почнала да се занимава со игра на шипка две години, откако и била дијагностицирана остеопороза и лекарите ја советувале да се занимнава со некој спорт, за да ги зајакне коските. Таа сакала да пронајде нешто во кое ќе крева тежина, но истовремено и ќе се забавува.

„Бев заглавена на канцелариска работа, со компјутер. Сфатив дека не си го пружам она што ми је потребно. Сфатив дека треба да поработам на себе, па решив да сторам нешто, оти сакам долговечност“ - изјавува Грета.

На почетокот таа имала големи проблеми, но се одлучила по ниту една цена да не се откаже. Па, решила наместо да ги гледа другите девојки, „да се натпреварува со самата себе“.

„Во животот е многу важно да ги следиш своите соништа. Тие понекогаш и не се манифестираат онака како што ти замислуваш, но важно ми е да ги имам тие мали предизвици, отколку ништо да не правам. Во спротивно, јас би го живеела животот со „што ако“ - нагласува таа.

Неколку години откако почнала да се занимава со оваа дисциплина, односно на 61 година таа го освои првото место на Меѓународниот натпревар во танц на шипка во 2014 година. Оттогаш нејзината елеганција во движењето ја направи меѓународно познат уметник во оваа дисциплина и денес таа се натпреварува во целиот свет, од Лондон до Сингапур.

 

 

Save

Следете нè