Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција, ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Hummel”.

 

Патиките, данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во националните бои на Македонија. Исто така на патиките е впишан бројот седум, кој Лазаров го носи кога настапува за националната репрезентација.

Првенството започнува на 11 јануари, а овие патики десниот бек на нашата репрезентација веќе ги испроба на мечот со Биx во вторникот, а сигурно по нив ќе биде препознатлив на Светското првенство во Франција.

Лазаров е само дел од заштитните ликови на „Hummel” заедно со Хансен, Томас, Нарцис, Хајневетер и други.

 

 

Save

Следете нè