Tенисерката Лина Ѓорческа и ракометарот Кирил Лазаров се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во 2016 година.

Во традиционалниот избор на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт лауреати се и Благоја Милевски, младата фудбалска репрезентација на Македонија, женската ракометна репрезентација, Шаховската федрација на Македонија, Филип Талевски, Моника Пендаровска и Оливера Наковска-Бикова.

Лина Ѓорческа прв пат во кариерата ја доби оваа награда, таа е првата Македонка која настапила на еден гренд слем турнир.

„Благодарам на сите кои ми помогнаа да стигнам тука. Се надевам дека довербата ќе ја оправдам веќе на Австралија Опен. Им посакувам среќа на младите фудбалери на ЕП. Би сакала наредната година да биде исполнета со уште повеќе спортски успеси и повторно да се видиме тука“, рече Ѓорческа.

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, трет пат во кариерата е добитник на наградата за најдобар спортист на Македонија.

„Наградата преставува огромна чест. Ние во ракометот имавме една турбулентна година, но мораме да учиме од грешките. Имаме потенцијал, знам дека Македонија не треба да се грижи за иднината. Верувам дека ќе направиме многу успеси во 2017 година“, рече Лазаров.

 

Save

Следете нè