Гигантот „Порше“ изненади со нов поп-ап салон на врвот на снежните Алпи.

Ширум светот оваа компанија има околу 700 продажни салони, а ова е еден од најнеобичните бидејќи е сместен на 2300 метри надморска височина на еден од планинските врвови на Алпите.

Во овој уникатен салон се наоѓа само еден изложбен примерок – Порше Кајен.

Објектот се наоѓа во близина на ресторанот „Рок” во зимскиот центар Мерибел.

Заинтересираните лица можат да закажат тест возење, но на друга локација односно пониска надморска височина.

Инаку, локацијата на која се наоѓа ова специфично продажно место често е изложена на температури пониски од -25 целзиусови степени, додека ветровите достигнуваат до 160 километри на час. Салонот е отворен во зимскиот период, до средината на април.

 

Save

Следете нè