Oгромен успех за талентираниот и успешен дизајнер на автомобили, Славче Таневски со потекло од Македонија, кој за само неколку години професионална кариера успева да добие шанса, самостојно да креира нов модел на Mercedes-Benz, GLC Coupe.

 

„Навистина сум среќен што ја добив шансата да дизајнирам автомобил за најстариот и најголемиот автомобилски бренд во светот Mercedes-Benz; но уште повеќе ме прави среќен што денес сум во Македонија, споделувајќи го успехот со вас“, изјави Славче Таневски, вработен во дизајн центарот на Mercedes-Benz, во Штудгарт.

Дизајнерот Таневски, од Скопје заминува на студии во Германија, на Универзитетот за применети науки во Минхен, изучувајќи транспортен дизајн. Учествува на неколку конкурси за дизајн на автомобили, за потоа неговиот талент да биде забележен од страна на Mercedes-Benz добивајќи ја нивната поддршка прво во изработка на дипломската работа, а потоа во 2011-та година да добие и понуда за работа.

За кусо време, односно по само три години работа во Mercedes-Benz, на Таневски му се оставрува и најголемиот сон, самостојно да изработи дизајн на нов модел, односно на GLC Coupe, што е привилегија само на помал број дизајнери во светот.

 

„Би сакал да ги поттикнам сите луѓе воопшто, независно од годините или занимањето, да бидат исклучително упорни на патот до успехот, но и да знаат да поднесат пораз, да бидат вистински професионалци, а успехот само тогаш е неизбежен, изјави младиот дизајнер од Mercedes-Benz, Славче Таневски.

Претставувањето на новиот модел GLC Coupe, чија официјална светска продажба започна на 17-ти септември, веќе е претставен во салонот на Мак Аутостар во Скопје.

 

Save

Следете нè