Мехмет Дорук Ердем, кој е концептуален уметник и индустриски дизајнер од Турција, дизајнираше футуристичка верзија на BMW мотоцикл, кој воодушевува.

Откако го претставија BMW Titan, кој потсетува на нешто што би го возел Batman, ни пристигнува уште една негова моќна машина BMW Radical, која еднакво исто делува како да не е од оваа планета и ова време.

Најновиот концепт на мотоцикл на Ердем, е само продолжение на неговата визија од тоа како ќе изгледаат мотоциклите во иднина, а овој модел е видно инспириран од филмот „Tron: Legacy".

 

Save

Следете нè