Овој модел на Mercedes-Benz Concept IAA (Intelligent Aerodynamic Automobile) е првиот електричен автомобил, кој брендот ќе го претстави во октомври, како дел од Саемот за автомобили во Париз.

Во рамките на саемот ќе биде претставен и неговиот прототип на електричен погон, кој ќе има опсег од 500 километри. Станува збор за автомобилот Concept IAA (Intelligent Aerodynamic Automobile), чиј помалку футуристичка внатрешност е комбинација од Mercedes S-Class и S-Class купе.

Се уште не се знае, кога Concept IAA, кој се опишува како „сериозна конкуренција на електричниот автомобил Tesla", ќе се најде официјално на продажба. До тогаш, останува да го погледнеме видеото и неговиот импозантен изглед.

 

Save

Следете нè